Готвачкото ТВ шоу „брза кујна“ за кратко време стана едно од најпопуларните телевизиски емисии од ваков формат. Натпреварувачите секојдневно се менуваат, водителките повремено, ама главните ѕвезди останаа исти: Шеф Никола и шеф Марк!
Двајцата врвни готвачи и забавувачи се неизоставен дел врз чија кулинарска умешност, вештина и знаење, ама и смисол за хумор и забава се темели шоуто, па затоа без било кој од нив нема ни добра храна, ни добра забава!
И додека шеф Никола Мишковски пред две години ова време вплови во брачните води правејќи едноставна забава за најблиските, за шеф Марк де Јонг сите „знаеја“ дека е во брак“ со неговата македонска избраничка Василка Димовска… Арно ама, работите стоеле малку поинаку!
Имено, иако има возрасни деца – син и ќерка кои живеат во Белгија, популарниот готвач и неговата понежна половина всушност само живееле заедно во вонбрачна заедница…Или како што кај нас народски се вели, во „див брак“!
Токму затоа, шеф Марк и неговата Василка, викендов, 20 јуни 20221 година, решија и официјално да стапат во брак… Да ја озаконат својата врска, која всушност беше еден вид брак, кој само не беше официјализиран на хартија!
Ковид протоколите за свадби иако попуштија, сепак шеф Марк и Василка се решија за „скромна“ семејна свадбена веселба со најблиските роднини и пријатели, која ја одржаа на едно од најелитните скопски гастромномско-вински локалитети, Камник.
А свадба не е свадба без младоженец и невеста, па затоа младоженците се потрудија да не го „пропуштат моментот“: Тој во свечен костум со китка на реверот, таа во бела невестинска венчаница со бидермаерот в рака…
Младоженците пред матичарот се заколнаа на вечна љубов, па првите секунди од ветувањето и официјалниот брак, како што е редот, ги зачинија со сочен свадбен бакнеж!
Гостите малубројни, ама сепак весели, а музиката – традиционална, изворна, македонска… Зурли и тапани им свиреа на младите! Шеф Марк можеби не ги научил до крај чекорите на орото, ама затоа добро ги научил македонските адети, па качен на тапанот, ниту тој, ниту сватовите не ги испратија со празни раце свирачите.
Илјадарки и евра бакшиш се делеа, а Бога ми и лепеа на чело на музичарите, чии звуци на нивните иснструменти му ја разубавија свадбената веселба на познатиот готвач и неговата невеста!
На свадбата покрај останатите гости биле присутни и децата на шеф Марк, ќерката и синот Микел ( Мики) кој сподели и видео од свадбата на татко му!
Се’ на се’, ако во „Брза кујна“ за подготовка на врвен специјалитет на шеф Марк му се потребни едвај 20 минути, одлуката за брак по македонски рецепт, очигледно ја “крчкаше“ подолго време!
Како и да е, нека им е со среќа брачниот живот… и официјално!
Фото и видео: Фејсбук принтскрин/Fancy Flower Boutique/Mickael De Jongh