Се ожени Владимир Вуксановиќ (31) кој се прослави во реалното шоу „Срвајвер“, а потоа беше во кратка врска со фолк дивата Светлана Ражњатовиќ – Цеца и поп пејачката Наташа Беквалац.
Владимир стапил во брак со згодната латиноамериканка со која беше во врска околу една година.
Двојката според српските медиуми се венчала пред два дена во Белград и тоа во кругот на најтесното семејство и најблиските пријатели.
Неговата убава, сега веќе сопруга останала бремена, па затоа тие морале што поскоро да се земат.
Инаку, тој на јавноста и ја претстави новата девојка минатиот септември, додека со неа беше на летување во Грција.