Помина речиси една година од свадбата на Меган Маркл и принцот Хари, а неодамна се оженил и поранешниот сопруг на војвотката од Сасекс.
Тревор Енгелсон се оженил во саботата со 11 години помладата партнерка.
Холивудскиот продуцент во јуни претходната година ја запроси својата партнерка, а подготовките за свадбата траеле околу една година.
На Тревор ова му е втор брак.
Свадбата се одржала во скапоцениот ресорт Rosewood Miramar Beach, а на истата биле служени бургери, помфрит, салати, а гостите можеле да уживаат во персонализирани игри.
За потсетување, Меган и Тревор беа во краток неуспешен брак кој траеше две години. Се венчаа во 2011 година на плажа на Јамајка.
Меган сега е во брак со принцот Хари со кого неодамна го доби синот Арчи.