Пејачот Стефан Петрушиќ, кој победи во „Sвездите на Гранд“ пред десет години, се ожени со својата избраничка Марија, со која чека дете.
Имено, Стефан на својот Инстаграм сподели неколку видеа од венчавката. Невестата блескаше во венчаница, додека младоженецот одбра црн костум за оваа пригода.
Инаку, по освојувањето на „Гранд “, Стефан реши првенствено да инвестира во своето образование, па заедно со музичката кариера изгради и правна кариера.
Заврши Правен факултет и денес работи како адвокат, но не се откажува од музиката.
– Новинарите честопати грешат што престанав да објавувам музика и му се посветував на правото. Ова не е вистина. Вложив многу време и себе во двете работни места за на крај да се откажам. Сакам да ги работам обете работи – рече Стефан во ТВ-емисија и додаде дека е попродуктивен кога има повеќе обврски и дека не може да функционира поинаку.