Радио Милева српска свадба - македонски зет

Се ожени пејачот Александар Белов, еве кои македонски јавни личности беа меѓу сватовите (ФОТО)

Се ожени пејачот Александар Белов, еве кои македонски јавни личности беа меѓу сватовите  (ФОТО)

Откако на почетокот на овој месец (септември 2019) најпрвин ја побара раката на својата долгогодишна девојка во комплексот на манастирот Свети Наум во Охрид, македонскиот пејач Александар Белов вчера, 29 септември 2019, правеше свадба.

Откако тој и неговата избраничка, Србинката Јелена Станковиќ најпрвин го озаконија својот новоформиран брак и се заколнаа на вечна љубов пред законот и Бога, следуваше свадбената веселба која се одвиваше во салата на ресторанот на елитниот хотел „Женева Лукс“ во Крагуевац, градот од каде потекнува невестата, а каде Белов последниве години се пресели да живее.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/i-aleksandar-belov-ripna-vo-tavche-pejachot-ja-pobara-rakata-na-sakanata-foto/

 

Претходно, дента двојката се венчала во манастирот „Дивостин“ крај Крагуевац, каде покрај српското гордо се веело и македонското знаме кое ќе ја следи целата церемонија.

„За да живеам ми треба срце. За да имам срце ми треба среќа. А за да имам среќа потребна си ми само ти“ – напиша пејачот при прославата на нивната годишнина од врската, пред да се земат, а свадбената церемонија ја започнал исто така со цитат: „Среќен е оној маж што ќе најде вистински приијател, а најсреќен е оној, што најдобриот пријател ќе го најде во својата сопруга“, по што следувал и првиот свабен танц на младите со песната „Ако те питају моја љубави“ од хрватскиот автор и пејач Петар Грашо.

Иако свадбата на Белов не била мегаломанска и на неа имало само околу 250 гости, сепак била весела, распеана и разиграна, со ора и чочеци, српски кола и српски, но и сплет од македонски песни, а расположените гости постојано биле на нозе и цело време играле, пееле и се веселеле.

Меѓу сватовите, покрај семејството на Белов, гости на неговата свадба биле и неколку македонски личности од јавниот, новинарскиот и естрадниот живот.

Имено, повеќе или помалку е познато дека Белов е близок пријател со новинарката и водител на МТВ, Александра Јовановска, инаку позната по нејзината емисија „Стисни плеј“, потоа новинарката Андријана Јовановска, како и неговиот колега, македонскиот пејач Даниел Дан, кои биле меѓу присутните гости.

Остана непознато само дали и каде Александар Белов и неговата сега веќе животна сопатничка Јелена ќе го минат медениот месец.

Редакцијата на Вистина.ком.мк на младите им посакува да се среќни и вечни!

Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин

 

 

 

To top