Радио Милева никогаш не е доцна...

Се ожени некогашниот лидер на „Пинк Флоид“: Роџер Вотерс стана младоженец во осмата деценија и зеде 30 години помлада сопруга

Се ожени некогашниот лидер на „Пинк Флоид“: Роџер Вотерс стана младоженец во осмата деценија и зеде 30 години помлада сопруга

Познатиот музичар и некогашен лидер на групата „Пинк Флојд“, Роџер Вотерс, и го кажа судбоносното ДА  на својата тридецении помлада избраничка Камила Чевис, со која се забавуваше со години.

Иако не ја загуби енергијата и желбата за брачна идила во својата осма деценија, по церемонијата што се одржа на неговиот имот во Њујорк, накратко на Твитер напиша:

„Толку сум среќен, една е во милион“.

Тие се запознаа пред неколку години по една негова свирка, а симпатиите блеснаа уште при првиот разговор. Инаку Чевис била возач на славниот музичар, а по настапот таа го возешла од стадионот до хотелот каде што отседнале тој и членовите на бендот.

Овој необичен пар беше фотографиран заедно за прв пат во 2019 година, кога се појавија на Филмскиот фестивал во Венеција, а по тој повод, Роџер посочи каков комплимент упати кон идната избраничка за време на првата средба.

„Еден ден и реков: Извини, дали некој ти кажа дека имаш убави јаболчници“?

Шармантната црнка не е поддржувач на јавниот живот, па затоа ретко се појавува покрај мажот на својот живот.

Фото: Profimedia

To top