Внукот на принцот Луј Наполеон, принцот Жан Кристоф Наполеон и внук на последниот австро-унгарски император и грофицата Олимпија Арко Синеберг, се венчаа, а свадбата се случи вчера во Париз.
Странските медиуми се фасцинирани од церемонијата, особено што последната венчавка на претендент на империјалниот престол на Франција, се случи пред седум децении – во 1949 година, пишува „Жена Блиц“.
Свадбената церемонија се одржа во Палатата на лицата со инвалидитет во центарот на Париз, комплекс изграден по наредба на Луј Трети, каде и е сместен гробот на славниот император.
Младоженецот истакна дека историското наследство на неговото семејство е многу важно за него и дека е крајно посветен на Франција.
Меѓу многуте гости на свадбата беа принцот Филип Караѓорѓевиќ и принцезата Даница Караѓорѓевиќ, кои живеат во близина на семејниот дом на младенците во Лондон.