Популарниот 33 годишен турски актер Бариш Ардуч, се ожени со својата девојка и колешка, актерката Гупсе Озај.
Бариш и Гупсе беа во долгогодишна врска и живееја заедно, па сега конечно решија да ги стават прстените.
Медиумите не ја пропуштија оваа венчавка, а младите беа расположени и да изјава пред камерите.
Инаку, иако многупати се ширеа шпекулации дека Бариш и Гупсе раскинале, нивната љубов сепак беша успешна.
Бариш или како што македонската публика го зане како Омер од „Вљубениот ерген“ , на својот голем ден изгледаше впечатливо и шармантно како и секогаш.