Турскиот пејач и поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ, Мустафа Сандал се ожени со две децении помладата избраничка Мелис Сутшуруп.
Како што пишуваат турските медиуми, парот го изговорил судбоносното „да“.
Без скапоцено одело и без бела венчаница, Мелис и Мустафа се венчале во тајност, далеку од очите на јавноста.
Младата изненадила со изборот на фустанот, па невестата се одлучила за црн фустан.
Во кругот на најблиските, Мелис стана госпоѓа Сандал, а не е познато дали неговите синови Јаман и Јазув присуствувале на свадбата.
фото: Инстаграм