Двејн Џонсон во неделата се ожени со долгогодишната девојка Лорен Хајшијан, пренесуваат американските медиуми.
Двојката го кажа судбоносно „да“ во родното место на актерот, на Хаваи, а тој денес ја сподели среќна вест со фановите на Инстаграм.
„Кажавме да“-пишува во описот на фотографиите од венчавката.
Неговата сакана носеше долг бел фустан од тантела, а Двејн доминираше во бела кошула,делумно раскопчана од каде се гледа тетоважата на градите. Посебен детаљ беа украсните ленти од природно цвеќе и листови во хајавски стил.
Инаку, Џонсон веќе беше во брак со Дани Гарсија и ја има ќерката Симон, која има 18 години, додека неговата нова сопруга има две ќерки, Тиана и Јасмин.