Радио Милева невеста...

Се омажи Викторија Лоба: Пејачката долгогодишната врска ја круниса со брак (ФОТО)

Се омажи Викторија Лоба: Пејачката долгогодишната врска ја круниса со брак (ФОТО)

Македонската поп пејачка Викторија Лоба се омажи. Таа долгогодишната врска со своето момче и со кое заедно живееа,  Ѓорги Калешов конечно ја круниса со брак.

Македонската пејачка со руски корени и успешниот бизнисмен венчалната церемонија ја извршија во македонскиот туристички бисер, Охрид.

Лоба на својот Фејсбук ја сподели првата фотографија на која тие позираат покрај црквата Св. Јован Канео. Таа блесна во екслузивна долга бајковита венчаница, креирана од модната дизајнерка Моника Коцарева Ергиќ.

Со оваа дизајнерка пејачката соработува уште од порано, кога како нејзин модел во неколку наврати се појави на саемот за венчавки во Скопје.

Патем, Лоба наговсти уште во 2019 година дека ќе вплови во брачните води со своето момче Ѓорѓи кога на нејзината рака осамна вереничкиот прстен.

Инаку нејзината мајка Татијана во месец јуни летово 2022, исто така одново стапи во брак токму во Охрид.

Освен со свршеникот, Лоба, на венчавката на незината мајка беше заедно и со нејзините другарки со кои таа позираше за спомен од овој ден и тогаш како дискретно да ја најави и својата венчавка, која се случува два месеци подоцна!

Мајката на Викторија Лоба направи свадба пред ќерка си, а еве ги моментите од свеченоста во Охрид (фото)

Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/

To top