Пејачката Тања Савиќ преку социјалните мрежи со новата фотографија во невестински фустан ги шокираше нејзините следбеници и обожавтели.
Имено, пејачката објави дека се наоѓа во Бања Лука а во описот на фотографијата напиша: „Венчавка“…
Следеа честитки од нејзините следбеници, но пејачката сепак не откри кој е младоженецот, ниту дали навистина се омажила.
Она што во јавноста познато е дека пејачката била во врска со градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ. Инаку, многумина коментираат дека таа само снимала видеоспот за својата нова песна, па останува да се види што е вистината: Вистинска или само музичка видео венчавка?
Фото: Инстаграм принтскрин/tanja_savic_private