Радио Милева свадбена веселба

Се омажи сестрата на македонската „Гранд ѕвезда“ Огнен Здравковски: „Не ми е сеедно, ме совладаа емоциите“ (ФОТО)

Се омажи сестрата на македонската „Гранд ѕвезда“ Огнен Здравковски: „Не ми е сеедно, ме совладаа емоциите“ (ФОТО)

Поранешниот македонски финалист на „Ѕвездите на Гранд“ и внук на легендарните македонски музичари и музички автори, покојните Наско и Зоран Џорлеви, пејачот  Огнен Здравковски викендов (сабота, 03-ти септември 2022 г.) во Македонија ја мажеше својата постара сестра Оле, која исто така се занимава со музика.

Семејството на 30-годишната виолинистка, братот  Огнен и неговите родители, Софија Џорлева, позната по учеството на натпреварот за музички ветерани „Никогаш не е доцна“, како и таткотоа Миле организираше голема свадбена прослава на отворено.

Средени од глава до петици, гордите родители и брат не ги криеја емоциите што женскиот член од семејството сега и официјално го напушта семејниот дом.

„Не ни беше сеедно, беше многу емотивно, но многу сме среќни“ – ќе изјави Огнен за порталот „Звезде Гранда“ чии новинари и биле присутни на свадбата и додал дека неговата сестра е во сигурни раце.

„Среќен сум што имам зет каков што имам. Зет како мед“ – јавно вели Огнен и додава:

„Тој е прекрасен човек и тие многу се сакаат. Богдан Шундиќ по потекло е од Белград, но се пресели во Скопје и сега работи тука“ – открива пејачот.

Убавата и многу весела свадба уште повеќе ја зачинија невестата и Огнен, кои спонтано решија да направат вистински спектакл за гостите.

Во еден момент Оле свирела на виолина во нејзината венчаница, додека младиот Здравковски го зел микрофонот.

Тие двајца заедно извеле неколку нумери, а потоа гордиот брат продолжи да ги забавува гостите на свадбата со мноштво познати поп и фолк хитови, по што добил доби голем и долг аплауз.

Нека им е со среќа на младите, да се вечни и многудетни!

Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/ognenzdravkovski

 

To top