Телевизискиот водител и маркетинг менаџер, Димитар Атанасовски и неговото семејство го еден од најсреќните денови во животот.
Имено, неговата помала сестра Марија стапи во брак и му кажа „да“ на својот избраник Алек Јаневски.
Младите се одлучиле за голема свадбена веселба која се случи во еден скопски ресторан, а среќниот бато на својот Инстаграм објави неколку фотографии на своите „инста стори“.
Од приложеното се гледа дека атмосферата била на ниво, а Диме токму за овој ден се охрабри да застане на бината и да го покаже својот музички талент за кој досега не знаевме.
Бато свиреше бас, а ништо попкуса не беше ниту невестата која се фати за микрофон.
Братско-сестринскиот дует беше посебен момент на веселбата, а пак мама Сара овој пат имаше обврска да ја чува Илина и да гледа меѓу гостите.
Еве како изгледаше тоа: