Некогашната најпознатата македонска ТВ водителка на игри на среќа, манекенка и модел Наталија Грубовиќ ги зачести посетите во Скопје и се повеќе преминува граница Србија- Македонија и обратно.
Овој пат, со убава причина и повод. Имено, се омажи нејзината помала сестра Марија со нејзиниот избраник Бојан.
Свадбената веселба се случи во еден познат ресторан во градскиот парк во Скопје, а на овој голем ден за семејството Грубовиќ присуствуваа блиски членови на семејството, роднини и пријатели.
Натали како и секогаш кога е во Скопје се активира на социјалните мрежи и споделува приватни моменти, а сега тоа го направи во поголема мера и покажа доста мигови од убавата свадбена веселба.
Невестата наместо во венчаница беше облечена во кус светкав коктел фустан, а младоженецот со класичен костум.
Дека расположението било на ниво, говорат и објавите каде сестрите Грубовиќ, Натали, Радица и невестата Марија се фатиле за микрофон и им пееле на гостите меѓу кои беше и нивната пријателка, водителката Елена Стефановска.
Инаку, Марија работи во Секретаријат за европски прашања, а според информациите објавени на Фејсбук, со избраникот Бојан стапиле во брак во месец март годинава.
фото:Инстаграм принтскрин Наталија Грубовиќ/Елена Стефановска/Фејсбук Марија Грубовиќ