Радио Милева

Се омажи ќерката на Шварценегер: Сакаа венчавката да биде во тајност, но не им успеа (фото)

Се омажи ќерката на Шварценегер: Сакаа венчавката да биде во тајност, но не им успеа (фото)
фото:the sun

Популарниот актер Крис Прат (39) кој се разведе во 2018 година, вчера се ожени со ќерката на Арнолд Шварценегер, Кетрин (29) по една година врска.

Тајната свадбена церемонија се одвиваше во мистерија и далеку од очите на јавноста, а популарното семејство се потруди на сите начини добро да ги обезбеди Крис и Кетрин, така што надворешните фотографи нема да успеат да ги фотографираат.

Дека нешто се случува беше јасно кога Крис и Кетрин пристигнаа на луксузниот имот Сан Исидро во Монтесити во Калифорнија во петокот преку ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MovieOn | Новости кино (@movie__on) on


Сан Исидро е ранч познат како еден од најлуксузните имоти, а се простира на повеќе од 500 хектари приватно земјиште со поглед на Тихиот океан. Во текот на раното саботно утро беше јасно дека станува збор за вечнавка, а активностите на имотот почнале околу 10 часот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by kennedy dynasty (@kennedynasty) on

На ранчот пристигнало цвеќето, но и декорацијата, а семејството Шварценегер со чадори се сокриваше пред 17 часот. Големиот црн автобус со затемнети стакла ги превезувал гостите од одмаралиштето со пет ѕвезди до ранчот.

Невестата носеше раскошна бела венчаница, а највесели беа родителите на невеста Арнолд Шварценегер, како и мајката Марија Шривер.

Останати вести од Радио Милева