Мирослав Илиќ ја тужеше поранешната партнерка Мирјана Антоновиќ за прогонување, што го налути нивниот вонбрачен син, кого пејачот не сака да го признае.
Имено, Девин Антоновиќ се огласи поповод наведената тужба, а неговиот биолошки татко го покани да се пресмета со него, а не со мајка му, ако веќе сака да го стори тоа со некого.
„Ми пречи што Мирослав ја напаѓа мајка ми. Ако сака да се пресмета со некого, дозволете ми да бидам тоа јас. Таа постојано го оправдува и брани. Ја предупредив за каков тип на човек се работи и конечно се убеди и самата. Мирослав мрази што се најде во безнадежна ситуација, како што не мрази и нас што на тоа го потсетуваме“ – рече Девин.
Неговата мајка вели дека Мирослав постојано врши притисок врз нив пред судењето.
„Тоа е смешно! Јас живеам во Америка, јас не го следам, и со години не сум се слушнал сонего. За жал, од Мирослав веќе не може ништо да ме изненади, па ниту овој потег. Таа се обидува да изврши притисок врз нас пред судењето“ – рекла Мирјана, за Информер, споделувајќи некои стари фотографии како доказ од времето кога биле во љубов со пејачот.
Да потсетиме, Врховниот касациони суд на Србија ја одбил жалбата од страна Мирослав Илиќ и утврдувањето на татковството се одвиваше на 25 март во Вишиот суд во Белград.
По тужба на Девин Антоновиќ – младиот лекар од Америка, кој се обидува да го натера Илиќ да направи ДНК тест и тврди дека неговата мајка Мирјана Антоновиќ (објавено во автобиографијатља “Ова малку вистина”) дека Девин е зачнат во нејзината љубовна афера со пејачот, судот конечно ќе се разјасни дали се во крвно сродство.
Извор близок до судот вели дека “славејот од Мрчајевци” како што гласи прекарот на Мирослав Илиќ, две години успевал да го одложи судењето. Во овој спор јавноста е исклучена и новинарите не ќе можат да присуствуваат на сослушувањата на странките што допрва треба да се одржат.
Фото: АТА имиџис/ Фејсбук принтскрин/Мирослава појужина