Семејствотот на Шабан Шаулиќ се огласи по страшната сообраќајна несреќа во која загина пејачот, а во истата ја напишаа својата болка во овие тешки моменти:
Со голема болка и огромна тага ве информираме дека денес престана да чука големо срце и дека замолчи најубавиот глас на регионот кога не напушти нашиот сопруг, татко, дедо, кум и пријател Шабан Шаулиќ. Љубовта која тој несебично ја даваше на сè околу себе, исто така ја внесе во неговите песни и нашата желба е да остане запаметен како одличен уметник, неповторлив пејач, но пред се прекрасен човек! Семејството Шаулиќ им се заблагодарува на сите за изразот на сочувство и бараме од јавноста да го зачува сеќавањето на Шабан достоинствено, гласи официјалното соопштение на семејството Шаулиќ кое се наде на неговиот профил на Инстаграм.