Радио Милева тага

Се огласи семејството на Марина Туцаковиќ, ова е последната желба на текстописецот

Се огласи семејството на Марина Туцаковиќ, ова е последната желба на текстописецот

Сопругот и синот на Марина Туцаковиќ, Александра и Милан Радуловиќ се огласија денес заблагодарувајќи се за поддршката, сочувството и пријателството и ја замолија јавноста да ја почитуваат нивната приватност и желбата погребот да биде интимен, во кругот на семејството и пријателите.

„Ние изгубивме мајка, сопруга, животен сопатник, а не национално злато. Марина никогаш не сакаше патетика и масовно обележување на нејзината смрт би било против нејзиниот дух според кој живееше и работеше. Нејзината желба е да биде погребна во семејната гробница покрај синот Милош“, велат тие во соопштението.

Тие додаваат дека и не сакала помпа.

„Нејзина желба е погребот да биде интимно, во кругот на семејството и пријатели, со присуство на свештеник. Порад епидимиолопката ситуација и со желба да ги заштитиме најблиските од таа страшна болеста која и на крај ја однесе Марина, сакаме да се простиме од неа без присуство на публика и новинари“ велат сопругот и синот.

Тие наведуваат дека за ги испочитуваат пријателите, семејството, соработниците и јавноста ќе биде ораганизирана комеморација по 40 дена од смртта на текстописецот.

Исто така наведуваат дека Марина починала на 19 септемри на 67 години поради компликации со Ковид 19 среде борбата со опасната болест.

„Почина брзо, неколку дена откако беше хоспитализирана. Таа неколку месеци водеше битка со опасната болест, а Ковид успеа да ја уништи само за неколку дена. Почина надвор од својот дом, во несвесна состојба. Замина на небето, оставајќи го својот сопруг и син“, се наведува во соопштението.

Тие им се заблагодарија на сите што беа со Марина од првиот ден кога дозна дека е болна и дека секој израз на пријателство во сите нивни тешки моменти им значеше.

– Знаеме дека Марина значеше многу за многу луѓе, дека беше сакана и ценета и како личност и како уметник.

-Дека Марина остави траен белег на музичката сцена во Србија и регионот е нешто со што се гордееме и драго ни е што ќе остане запаметена. Знаеме дека многумина во моментов се чувствуваат тажно – рекоа Александар и Милан Радуловиќ.

фото: принтскрин

To top