Најдобриот пријател на Џеј Рамадановски, кој почина денеска на 56 години, се огласи за српските медиуми.
Зоран Јагодиќ Руле кратко изјавил што се случувало во домот на пејачот.
-Почина, замина мојот брат. 25 години бевме нераздвојни. Заспа и не се разбуди. Пред еден час. Тука сум со ќерките, мора да видиме каква е процедурата. Се слушавме секој ден, не излегуваше од дома. Имаше лесна операција на срцето, срцето го издаде, изјавил кусо пријателот на Џеј.
Итната помош се обидела да го реанимира пејачот, но за жал безуспешно.