Водителката Николина Пишек неколку месеци по смртта на нејзиниот сопруг Видој Ристовиќ, реши да ја продаде луксузната вила во Загреб која заедно ја изградија.
Според информациите, Пишек успеала да го продаде имотот за само два дена по објавувањето на огласот и за него земала близу два милиони евра.
– Прекрасната зграда лоцирана во загрепско Шестине, на површина од 420 квадратни метри, изградена според најновите технологии и припаѓа на „паметни куќи“, го најде својот купувач набргу по објавувањето на огласот – вели извор близок до водителката.
За продажбата на куќата се огласи и свекорот на водителката Виктор Ристовиќ, попознат како Миша Гроф:
-Куќата ја продала за четири милиони, не за 1,7, како што вели, така пласира по медиумите, немам што повеќе да кажам, не ме контактираше. А има и само еден кредит, не два, како што вели таа. Кредитот е подигнат на 300.000 – изјави Миша.
Фото:Принтскрин/Дамир Дервишагиќ/Ненад Костиќ