Српската пејачка Љупка Стевиќ се огласи откако во српските и регионалните медиуми излезе веста дека и се слошило пред настапот во еден ноќен клуб во Србобран и тоа непосредно пред да е качи на бината.
Имено, пејачката откри како се чувствува и каде е сега.
„Вистина е дека ми се слоши. Се онесвестив пред самиот настап во клубот. Едноставно колабирав“ – рече пејачката и додаде:
„Наеднаш ми се стемни и само се срушив … Немав јадено три дена пред да го снимам спотот, па веднаш ден потоа имав настап на Косово, вчера Србобран и тоа е тоа… Се префорсирав“.
„Сега сум со семејството во Костолац неколку дена, сите беа загрижени, важно е дека сега сум добро, па ќе видиме“ – изјавила Љупка за Пинк.рс.
Фото: Јутјуб принтскрин/ ljupka stevic-ne stidim se