Радио Милева презимето внесе забуна

Се огласи „Гранд ѕвездата“ Теа Стошевска и објасни дека сепак не е Македонка: „Благодарам за комплиментите, но дефинитивно сум српска пејачка“ (ФОТО)

Се огласи „Гранд ѕвездата“ Теа Стошевска и објасни дека сепак не е Македонка: „Благодарам за комплиментите, но дефинитивно сум српска пејачка“ (ФОТО)

Балканот со сигурност може да се пофали со плеада пејачки кои освен што се надарени со глас, се повеќе од надарени и со стас… Имаат и физичка убавина и изглед кој мами погледи, копнежи и воздишки. Било да се целосно обдарени од мајката природа или надоградени во некоја клиника за естетска хирургија, ретко кој вистински маж, па и понекоја жена со „специфична сексуална определба“ остануваат имуни на полните усни, длабоките деколтеа проѕирните танги и витките тела кои завршуваат со долги нозе стегнати во мини фустанче.

Медиумите секојдневно се полни со наслови и вести за бујните облини на некоја позната пејачка, па така и овојпат беше објавено дека и Македонија има своја Теа. Не е Таировиќ, ама демек и ние можеме да се гордееме со бујно надарена пејачка, каква што е Гранд ѕвездата, Теа Стошевска.

Имено, станува збор за учесничка во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ за која Јелена Карлеуша еднаш изјави дека ќе заработува милиони. Инаку Теа живеела и во Мелбурн – Австралија, а сега живее во Белград. Покрај пеењето, работи како фитнес модел, танчарка и актерка.

До сега има снимено една своја песна и видео за неа, насловена „Умри машки“ во 2017 год., за која самата ги напишала музиката и текстот. Теа сега редовно настапува по ноќните локали, клубови и дискотеки, а неретко може да се види и во Скопје како и во локалите низ Македонија.

Но, по насловите објавен во медиумите дека Македонија може да се гордее со неа, Теа Стошевска се огласи на Фејсбук и напиша:

„Благодарам за комплиментите, но дефинитивно сум српска пејачка. Презимето на дедо ми беше Стошиќ, поради војните беше сменето против негова волја. Јас сум Србинка и наскоро ќе објавам текст за моето презиме кое долго време ја збунува и интригира јавноста. Секогаш сум среќна што навраќам во Македонија за да пеам и познавам многу добри луѓе таму, но едноставно, јас не сум Македонка. Не бидете во заблуда. Поздарав и љубов до сите мои Македонци!“ – споделила цицлестата русокоса во своето објанување за своето потекло и потеклото на нејзиното презиме.

Фото: Фејсбук принтскрин/Tea Stoševska

To top