Радио Милева
го понеле емоции?

Се огласи Ѓани, па еве што кажа за пиењето од чевелот на гостинот: „Тоа го направив за добар пријател, а не за дебел бакшиш“! (ФОТО)

Се огласи Ѓани, па еве што кажа за пиењето од чевелот на гостинот: „Тоа го направив за добар пријател, а не за дебел бакшиш“! (ФОТО)

По објавата на социјалните мрежи, се крена голема прашина сите зборуваат за приватната прослава на која пееше Радиша Трајковиќ Ѓани, но не затоа што одржа концерт за паметење, туку затоа што пиеше од собуениот чевел на еден од гостите.

Ѓани за бакшиш пиеше од собуен чевел на гостинот: Нема толку смрдлив чорап, колку што гостинот може да плати! (ВИДЕО) – Вистина.мк (vistina.com.mk)

По некое време се огласи и самиот пејач, овидувајќи се да ја појасни ситуацијата:

„Секој работи или зборува и мисли дека тоа е правилно. Не се оптоварувам околу осудите и коментарите на водителите и актерите. Актерките исто така прават се’ “– изјави Ѓани по повод коментарот на водителката Маријана Мишиќ, а после тоа откри дали настапот со пиење од тукушто собуениот чевел на гостинот е нешто што го прави на секој настап или ова беше само случајност, односно исклучок:

„Не го правам тоа постојано на секоја прослави постојано, далеку од тоа. Тоа беше прослава на мој добар пријател и бев понесен од емоциите, па затоа го направив тоа. Го направив тоа за добар пријател, од чиста шега“ – објасни Ѓани.

Фото: Инстаграм принтскрин/djanimusic

Останати вести од Радио Милева