Како бомба одекна веста дека Душица Јаковљевиќ по 10 години се откажува од розовата телевизија.
Според курир.рс, водителката се „сели“ на телевизија „Хајп“, каде ќе биде водителка но и член на продукцијата.
По повод овој голем трансфер по контактирањето со Душица, таа дала кратка порака.
– Ќе објавам кога ќе дојде време – изјавила водителката.
Да потсетиме, Душица беше заштитно лице на телевизија Пинк и долги години беше водителка на најпознатите реални шоуа.
Таа беше една од милениците на публиката на споменатата телевизија и заштитен знак на розовото јато.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Курир.рс