Светските медиуми на големо пишуваат дека пејачката Ријана ја раскинала врската со таткото на нејзиното нероден дете.
Сепак, модната дизајнерка Амина Муади ги негира наводите дека имала афера со АСАП Роки, кој со Ријана очекува дете.
View this post on Instagram
„Отсекогаш мислев дека не треба да се објаснува неоснована лага која се шири на социјалните мрежи, особено онаа што е волку гнасна. На почетокот претпоставував дека овие злонамерни озборувања никој нема да ги сфати сериозно“, напишала таа на својот Инстаграм профил.
„Граници не постојат дури ниту во период кој треба да биде еден од најубавите во нечиј живот. Морав да се огласам, бидејќи ова не е директно упатено само до мене, туку и до луѓето кои многу ги почитувам и сакам. Додека Ријана продолжува да ужива во својата бременост и да се облекува фантастично, јас се враќам на работа и на сите ви посакувам прекрасен велигденски викенд“, заклучува Муади.
За потсетување, инфлуенсерот и моден креатор, Луис Писано, на Твитер објави дека Ријана го оставила АСАП Роки откако ја открила аферата која ја имал со Амина. Славниот пар сè уште официјално не се огласи.
фото:Инстаграм/Амина Муади