Анастасија Ржанатовиќ тргна по стапките на нејзината мајка и започна да чекори низ музичкиот свет. Пред неколку дена ја издаде својата прва песна „Совршен пар“, а за многу краток период направи голем успех, па нејзиниот спот е еден од најгледаните во регионот.
Ќерката на Цеца откако ја промовираше нејзината прва песна наиде на многу позитивни критики, а таа за само два дена успеа да собере повеќе од два милиони прегледи на Јутјуб.
По тој повод Цеца на својот Инстаграм профил и испрати директна порака на нејзината ќерка Анастасија.
-Благодарам што ме направи да бидам најгорда мајка на светот, напиша фолк дивата Цеца.