По големата прашина што се крена со објавувањето на фотографиите со „дилдо забавата“ на Дара – Бубамара, се огласи и човекот на кого наводно му ги праќала заедно со видеоклипот, нејзиниот бивш сопруг Милан Кесиќ.
Вели дека со Дара се во добри односи, но дека нема допирни точки со нејзините нови експлицитни фотографии и видеоклипот кои осамнаа на социјалните мрежи, па во медиумите.
„Ние сме се уште пријатели, па и помагам зашто имаме заедничко дете. Дара тоа веројатно го направила од маркетиншки причини, така што немам што да и забележам“ – изјавил Кесиќ. Тој исто така го дели мислењето дека не се работи за случајно стиснато копче на телефонот по грешка, туку дека тоа Дара намерно го направила, само за повторно да се пишува за неа во медиумите. Едноставно, потребен и е нов публицитет!