На последниот поздрав од погребот на соул дивата Арета Френклин пред присутните пееше младата пејачка Аријана Гранде.
По церемонијата во медиумите и социјалните мрежи се појавија коментари дека бискупот и ги допрел градите на младата пејачка.
Имено, тој во текот на церемонијата и ги допирал градите на младата Аријана и се шегувал на нејзина сметка.
Додека со десната рака ги допирал нејзините гради, тој велел дека нејзиното име звучи како мени од ресторанот за брза храна “Taco Bell”.
Елис подоцна се извинил за се’ што направил.
Немав намера да допирам гради на било која жена. Не знам, претпоставувам дека ја ставив раката околу неа и можеби ја преминав границата. Можеби сум премногу слободен и пријателски настроен, но се извинувам”, изјавил Чарлс, кој додал дека се извинува и за шегата за нејзиното име.