Радио Милева Искрено за семејството

„Се обидувам да бидам најдобриот сопруг и татко“ – Новак Ѓоковиќ надвор од теренот е прекрасен родител и маж (фото)

„Се обидувам да бидам најдобриот сопруг и татко“ – Новак Ѓоковиќ надвор од теренот е прекрасен родител и маж (фото)

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ ретко зборува за својот приватен живот и семејството кое е неговата база и оаза на мирот, но сега направи исклучок.

Новак и Јелена се сакаат уште од средно училиште. Тие извесен период имале врска на далечина, кога таа отишла во Милано да студира. Кога Јелена се вратила во Белград, сакал да ја официјализираат врската. Па, ја запросил во 2013 година.

Тие се венчаа на 12 јули 2014 година во Свети Стефан во Црна Гора. Четири месеци подоцна во Монте Карло Јелена го роди синот Стефан.

– Кога го добив мојот син, мојот свет се преврте наопаку. Дотогаш тенисот ми беше сè и се се вртеше околу мене. Најблиските се жртвуваа за да можам да дадам максимум на теренот. Природата на работата ме направи себичен. Одеднаш сè се смени. На почетокот морав да се потсетам дека повеќе не сум сам, дека имам син. Во тоа ми помогнаа сопругата, мајка ми, татко ми, браќата… Сега кога ќе се вратам од тренинг, го спуштам рекетот и не размислувам за тенис. Се трудам да бидам најдобар сопруг, татко и тенисер. Тоа бара, но не е и невозможно – изјави Ѓоковиќ во една емисија.

Три години по раѓањето на Стефан, се роди Тара. А Јелена овој пат се породи во болница во Монако.

Ѓоковиќ вели дека негов најголем мотив да се врати на светскиот врв билa сликата што ја имал во главата – дека Стефан и Тара го гледаат додека тој гордо го крева трофејот.

Покрај вербата во Бога, неговата сопруга најдобро го разбира и советува во тешките моменти.

Таа е мојата најголема поддршка! Таа е способна, амбициозна и силна. Но, најмногу се расправам со неа. Не и наредувам, затоа што ако сакав да го правам тоа, ќе бев во војска. Само се расправаме, но најслатко е кога ќе се смириме – изјавил  тениски ас.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Новак Ѓоковиќ

To top