Откако слушнал викање на беспомошна девојка познатиот пејач се обидел да го одвлече вниманието на напаѓачите.
Душан Милаовиќ некогашниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“ бил избоден и претепан утрово околу 3 часот. Моментално се наоѓа во болница во Ниш каде што му се санираат раните.
https://www.youtube.com/watch?v=j6KBjsKTm58
„Излегов во паркот и слушнав како едно девојче бара помош. Отрчав до тоа место и видов дека девојчето има околу 10 години. Зад шумата излегоа двајца постари мажи околу 40 години. Двајцата скокнаа на мене, а зад нив излезе уште една девојка. Почнаа да ме удараат, а јас изгубив свест. По повредите гледам дека ме касна и нивното куче, вели Милатовиќ.
Милатовиќ не е само познат по тоа што учествувал во „Ѕвездите на Гранд“, туку и се занимавал со кошарка 15 години.