Маша Терзиќ, ќерката на директорот на „Црвена ѕвезда“, добила два престени од своето момче и ќе се мажи оваа година.
Имено, нејзиниот партнер не живее во Србија и не е јавна личност, па не сака да се експонира во јавност. Маша на социјалните мрежи нема ниту една заедничка фотографија со него.
Како што пишуваат српските портали, Маша од момчето добила два прстени од познат бренд од 1 200 евра и 2.200 евра, односно вкупно 3 400 евра.
Извор тврди дека таа не била традиционално запросена туку партнерот и купил прстен и бурма.
-Маша доби прстени, поточно два. Немаше официјална свршувачка, но тие се верени. Заедно се една година, убаво им е и планираат венчавка во 2022 година, вели изворот близок на Терезиќ.
-Нема да има голема свадба, ќе има интимна церемонија бидејќи Маша и нејзиниот партнер сакаат тајна венчавка, далеку од очите на јавноста, вели изворот.
За потсетување, Маша беше во врска со Вељко Ражнатовиќ, а по четиригодишна врска раскинаа во 2016 година.