Холивудскиот актер Џони Деп моментно е во Белград, каде што го снима филмот “Минамата”, во кој ја игра главната улога на фоторепортер Вилијам Јуџин Смит.
Интересот за овој филм и сцените од истиот е огромен, можеби затоа што Деп е сосема непрепознатлив. Актерот е задоволен како тече снимањето, исто како и целиот тим кој работи на овој проект.
Деп се соживеа во улогата на познатиот фотограф Јуџин кој направи фотографии кои сведочат за загадувањето во Втората светска војна, кога здравјето на жителите на градот Минамата е оштетено.
Потсетуваме, Џони Деп престојуваво хотел во Белград кој се држи во тајност, каде отседнал и што целиот негов персонал.
На инстаграм се појавија фотографии од актерот облечен во костимот за улогата што ја има, а во него е целосно непрепознатлив.