Радио Милева

Се крчка нова врска: Дали Милица Павловиќ е новата потенцијална снаа на Лепа Брена? (ФОТО)

Се крчка нова врска: Дали Милица Павловиќ е новата потенцијална снаа на Лепа Брена? (ФОТО)

Милица Павловиќ имаше свој настап за паметење во клубот „Касина“ во Белград. Српската „секси сењорита“ ја воодушеви публиката со нејзиниот глас и стас, а нејзините обожаватели ги пееја како старите, така и новите песни од нејзиниот последен албум “Заувек”.

Меѓу многубројната публика беа и некои од познатите личности како Слоба Радановиќ или Стефан Живојиновиќ кој ниту за „жива глава“ не сакаше да го пропушти настапот на Милица.

Впрочем, уште претходно синот на Лепа Брена јавно изјави дека Милица му се допаѓа и изрази грст комплименти како на нејзиниот изглед, така и за неа како личност.

Запрашана пред самиот настап кој е нејзин тип на маж,дали можеби не е тоа токму некој како Стефан и како ги коментира неговите комплименти на нејзина сметка, пејачката не го криеше своето отворено задоволство дека сето тоа и прија, и дека неа повеќе привлекуваат умни, отколку убави мажи, а младиот Живојиновиќ е секако тоа: „Мене генерално многу повеќе ме привлекува мозокот кај еден маж, така што одговорот е… Да!“ – одговорила Павловиќ на прашањето.

Како што неодамна и ние објавивме, во српските естрадни кругови отворено почна да се шушка дека на наследникот на Лепа Брена му се допаѓа една популарна српска фолк пејачка.

Доброупатените велат, Стефан Живојиновиќ и фрлил око на сексапилната Милица Павловиќ, па постојано ја следи на социјалните мрежи и ја лајкува ама баш секоја нејзина фотографија.

 

Останати вести од Радио Милева