Се качи па се симна, за јавно да објасни: Јелена Спенџарска откри на што (не) паѓа писмена жена!

21 Окт , 2017 Радио Милева

Се качи па се симна, за  јавно да објасни: Јелена Спенџарска откри  на што (не) паѓа писмена жена!

Водителката на Утринската програма на Канал 5, Јелена Спенџарска дојде до „епохално“ откритие. Веројатно од богатото животно искуство, симпатичната беровка своето мислење околу писмените жени и неписмените мажи јавно го истакна на социјалните мрежи.

„Писмена жена никогаш нема да падне на неписмен маж. Крај!“   –  гордо се пофали Спенџарска преку мудрата мисла која ја постираше својот Фејсбук профил, „црпната“ од сопственото или туѓото искуство, само таа знае.

Иако некои од нејзините пријатели и возвратија со коментар дека за жал има и такви случаи и никогаш не се знае што носи животот, па затоа никогаш не вели „никогаш“, водителката самоуверено им реплицираше: „Ние не сме во  тие“!  Ама при тоа и не објасни, што тоа подразбира под поимот „неписмен“?!

Или нејзе не и објасниле дека,  како што најчесто бива, денес жените обично не  „паѓаат“ на „писмени“  туку на мажи што поседуваат некои други атрибути… Што на прв поглед можеби и не се забележуваат…. додека сам(ата) не се увериш!

А, кога сме кај машките атрибути што важат за адути кај секоја  жена , денес  оние најважните исто како и писменоста, започнуваат на „П“: Колку е парајлија или потентен,  на пример.  На тоа најчесто паѓаат… особено оние жени, што самоуверено мислат дека се многу „писмени“!

А  водителката…? Пред  да ја постира мудрата мисла,  за да не падне, мораше да се симне… од приколка!

, ,


Comments are closed.