Радио Милева

Се изнасмеаја од Лоба до Наде Талевска: Панчо од ДНК и посвети урнебесен статус на Ноне ама и себе си!

Се изнасмеаја од Лоба до Наде Талевска: Панчо од ДНК и посвети урнебесен статус на Ноне ама и себе си!

Смеењето е лек за душата, а Владимир Блажев или попознат како Панчо ДНК, со шеги за себе, но и за она што го опкружува во секојдневнието , знае да си го „заскокотка“ денот себе си, а и на своите пријатели и следбеници на социјалните мрежи.

Да се насмееш на сопствена сметка е доблет која ја немаат сите, а пак тој често знае да се пошегува на сметка на својата висина, па и оние што се блиску до неговата…

Една од нив е и екс-пејачката Ноне Неделковска која и самата ја поседува оваа особина и не ретко споделува вицови за душа на своја сметка, особено такви за градите и својот раст.

Снегот кој „изненади многумина“ срде зима, го инспирираше Панчо да се пошегува со еден статус на Фејссук во кој напиша:

-Леле надвор наврнало дно Ноне снег, ако продолжи вака да паѓа, до утре може да стане Панчо од ДНК, напиша тој.

Ваквиот урнебесен статус изнасмеа многу од неговите пријатели, следбеници, но и колеги од естрадата како Викторија Лоба и Наде Талевска Сапсовска.

To top