Радио Милева

„Се хранев во менза и живеев во дом“: Јелена Ѓоковиќ проговори како живеела пред бракот со Новак

„Се хранев во менза и живеев во дом“: Јелена Ѓоковиќ проговори како живеела пред бракот со Новак

Јелена Ѓоковиќ шред бракот со Новак живеела скромен студенткси живот. Јелена студирала во Италија, поточно во Милано, на универзитетот „Бокони“ и не крие дека за време на студентскиот живот живеела тешко. На своите следебеници на блогот им се обрати со следните зборови:

„Пред испит медитирав бидејќи ме фаќаше паника да не заборавам нешто и не добијам лоша оценка. Тој страв беше поврзан со стипендијата бидејќи ако не ги положиш сите испити со добри оценки ја губиш стипендијата. А кај мене тоа би значело губиш стипендија и се враќаш дома бидејќи моите не би можеле да ми финансираат студирање во странство“ напиша Јелена.

Таа објасни како и поминувале деновите додека живеела во студентскиот дом.

„Се паметам. Од старата соба во која ѕидовите ги украсував со весници и мотивациски пораки до просторијата каде јадев. По потреба таа просторија стануваше соба за забави и гледање фудбал“ вели Ѓоковиќ.

Таа објасни дека се хранела во студентска менза.

foto: printscreen

„Благодарение на стипендијата, секој оброк кој подразбрира предјадење, главно јадење и десерт не чинеше помалку. Храната не беше вкусна, понекогаш ни здрава, но барем јадев конкретен оброк. Во недела или за време на празниците кога не работеше мензата, сами се снаоѓавме, собиравме пари и заедно готвевме“ вели Јелена.

Таа потенцираше дека за време на студентскиот живот слободното време го поминувала со Новак Ѓоковиќ.

To top