Денеска се одржува голема свадбена веселба на Катарина Грујиќ и Марко Гобељиќ, за која со месеци се зборува и пишува.
Пејачката откри дали е нервозна пред да почне венчавката.
– Трема? Знаеш, Марко е веќе мој, па мој е! Ние сме веќе во брак. Се надевам дека се ќе биде како што замислив, не знам. Веројатно ќе бидам нервозна сега кога се ќе почне – изјави Катарина Грујиќ.
На социјалните мрежи веќе може да се најдат фотографии од куќата на Катарина која е богато украсена по повод денешната забава.
Белата боја доминира, а евидентно е дека воделе сметка за секој детаљ.
фото:Инстаграм Катарина Грујиќ