Милица Тодоровиќ првпат се појави во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде што ја однесе победата и денес е една од најпознатите млади пејачки.
Во интервју за Стори, Милица Тодровиќ прозбори за новите сезони на музчкото шоу и низ што морала да помине.
Милица вели дека не би ги исполнила денешните критериуми на „Ѕвездите на Гранд“ и дека нема ни да ја помине аудицијата.
„Денес музиката повеќе се гледа, отколку што се слуша. Луѓето кои гласаат за кандидатите имаат малку померени критериуми, додека жирито прави шоу за нив наместо да го оценува кандидатот. Се изгуби смислата за факултет. Сè е апсолутно лудо, вели Милица за Стори.
На прашањето дали размислува да се омажи, Милица вели дека преоритет и е да биде мајка и да се оствари во таа улога.