Возбудата за свадбата на принцот Хари и Маркл се повеќе расте, а љубителите на филмот го искористија тоа за да направат и филм за нивната романса.
Недела дена пред свадбата на Меган Маркл и принцот Хари излезе кратко видео од 20 секунди во кое е опишана нивната љубов.
Во драмата “Harry & Meghan: A Royal Romance” се опишени сите нивни детали, но и како Маркл од обична девојка стана идна принцеза.
Во трилерот не се гледа само како принцот ја запроси Маркл туку и како разменуваат нежност во кревет.
Во филмот исто така се зборува и потеклото на идната принцеза, но и за бурното минато на принцот Хари. Филмот ќе биде објавен шест дена пред свадбата на принцот и принцезата.
Британскиот актер Муреј Фрејзер го глуми принцот, додека пак принцезата ја глуми актерката Париз Фик Хенли.