Радио Милева
од Азис до Боки 13...

Се’ би дале само да бидат понежен пол: Овие познати балкански пејачи станаа жени! (ФОТО)

Се’ би дале само да бидат понежен пол: Овие познати балкански пејачи станаа жени!  (ФОТО)

Сцената е исполнета со личности чиј изглед отстапува од стандардното и традиционалното. Приказните за мажи кои станале жени, привремено, делумно или целосно ја шокираа јавноста и си поиграа со традицијата и стереотипите на нашите простори.

На оваа фотографија која кружи на социјалните мрежи, можете да ги видите: Азис, Боки13, Сестри, Наташа Маза, Невен Цигановиќ, Славко Калезиќ, Електра Елит и Божо Вреќо. Фотографија која предизвика вистинско цунами од коментари. Некои беа многу негативни, додека имаше и понекој позитивен каде ја пофалија нивната храброст да се појават во јавноста. Некои од пејач(к)ите тотално го сменија полот, како  Наташа Маза и Електра Елит, додека други користеа женска гардероба, обувки на високи потпетици и силна шминка на сцената, но и во приватниот живот.

Ќе го споменеме само оној, кој беше пионер на Балканот и прв го шокираше целиот регион.

Популарниот бугарски пејач Азис веројатно беше првиот на овие балкански простори што го воведе овој тренд. Изгледаше многу мажествено, но се облекуваша и однесуваше како жена.

Кај нас секско најпознат беше и остана Боки13. Особено после аферата „Рекет“, која се уште ја чека својата финална судска разрешница.

Тој како и Азис сега направија неверојатни трансформации и од облекување во женска гардероба премина во вистински мажи. Барем навидум!

Фото: Социјални мрежи

Останати вести од Радио Милева