Славниот пар пред неколку дена се прошета во Лос Анџелес, а за време на утринската прошетка „паднаа“ бакнежи. Џеј Ло и нејзиниот сопруг ја започнаа својата врска пред 20 години, имаа низа пехови во јавноста кои многумина ја протолкуваа како најава за крај на нивната врска. Тоа не се случи.
Нивната серија на јавни бакнежи продолжи. Пред само неколку дена, Џенифер Лопез и Бен Афлек беа забележани како се бакнуваат во продавница за мебел откако купуваа замок во Лос Анџелес, вреден 60 милиони долари.
Некој ќе каже дека со јавни бакнежи сакаат да ставаат приказни за кавги на втор план. Беше повеќе од очигледно дека на Џенифер Лопез многу и пречеа натписите за намќорното однесување на Афлек во нејзино друштво и за несогласувањата доловени од виралните видеа.
View this post on Instagram
Сепак, има многу детали од нивното минато и сегашност кои не треба така лесно да ги натераат да се сомневаат во нивната љубов.
Џенифер Лопез и Бен Афлек започнаа врска во 2002 година. Тие раскинаа две години подоцна, таа во бракот со Марк Антони ги има близнаците Ема и Максимилијан, додека тој има три деца од бракот со Џенифер Гарнер.
Џеј Ло и Бен се свршија во април 2022 година. Тие се венчаа минатиот јули во Лас Вегас, а потоа направија втора свадба во Џорџија следниот месец. Нивните бакнежи ги видовме неколку пати оттогаш и на црвениот тепих, но она што изгледаше како идилична втора шанса за љубов го расипаа неочекуваните ситуации во јавноста како расправии и лошо расположение, кои во случајот на Афлек достигнаа сериозно ниво.
View this post on Instagram
Добро е што работите се свртеа, Џеј Ло во неколку наврати потенцираше колку го сака Бен, која исто така му е исклучително важна.
фото: Instagram printscreen/ jlo/ benniferxstory