Радио Милева што на ум, тоа на друм

Сашо Тасевски – директор со најкус рок на траење, глумец со најдолг јазик и ерекција на промаја: “За 24 часа имав 7 пати секс!“ (ВИДЕО)

Сашо Тасевски – директор со најкус рок на траење, глумец со најдолг јазик и ерекција на промаја: “За 24 часа имав 7 пати секс!“ (ВИДЕО)

Актерот и поранешен прв човек на Драмски театар, Сашо Тасевски, во јавноста е познат по тоа што беше директор со најкус рок на траење, но затоа пак е актер со „најдолг јазик“, а и „без влакна на јазикот“.

Далеку од тоа дека не знае културно да се однесува и сака некого да навреди… Тој е само проклето искрен,  непосреден и отворен. Токму таков беше и во интервјуто за естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“, каде Тасевски отворено одговараше на прашањата за љубовта, сексот, геј филмовите, за прошка по неверство… За најлошите македонски комичари и актери воопшто, на кои од јавните личности „се пали“, а кои му се антипатични…

За чудо, новинарот Васко Ефтов не го спомна?! Ниту СДСМ, ниту „Некст Тајм“  или колегата Висар Вишка… Со кои „водеше војна во четири очи“ или преку изјави, коментари, преписки, Фејсбук статуси… по кои јавноста подобро го запозна и тоа не само како актер!

Нејсе, можеби неговите зборови понекогаш ќе ви делуваат чудно, можеби некого ќе погодат, повеќето ќе ги насмеат, на сеирџиите ќе им ја наполнат душичката, на злобниците суетата…  Но сите заедно ќе ги „купи“  со својата луцидна оригиналност и несекојдневна отвореност во слободата на говорот.

По принципот: “Што на ум – тоа на друм“, Сашо Тасевски си кажа буквално се’ што му лежи на душа. Или барем за она што го прашаа, канејќи ги сите на неговиот најнов стендап спектакл „Северно од Македонија“ во Штип, чија премиера во Прилеп закажана за 31 март 2019, директорката на Домот на културата правејќи класична саботажа му ја откажа во „5 до 12“!

Ваше е само уште еднаш да го прегледате разговорот во видеото во продолжение и да се уверите дека сето ова на Вистина.ком.мк е… вистина:

To top