Естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ со вечерашната најава на социјалната мрежа Инстаграм насловена „Сашко Коцев физички нападнат“, ја заинтригира љупобитноста на јавноста за да дозне што му се случило на еден од нашите најдобри македонски актери.
Имено, водителот Миро Кацаров го посети Сашко во МНТ каде тој пред камерата откри интересни детели од своето секојдневие, но и такви од сцената на даските што живот значат.
Коцев раскажа за една незгодна ситуација која му се слулчила периодов, а ја „предвизвикал“ тој во еден од скопските клубови. Последиците… исекотина на раката!
И таман кога сите ги наостривме ушите да слушнеме што има Сашко да каже за оваа немила случка, „Бекстејџ“ ште еднаш не прејдоа со нивната рубрика „Сечено, лепено, монтирано“.
Всушност, повредата на раката на Сашко навистина постои, но се случила на сцена или повреда на работно место, а не во тепачка како што беше најавено.
Во секој случај, добрата страна е тоа што таква физичка пресметка воопшто немало, а требаше да претпоставиме дека ваква шега му личи на Сашко Коцев.