Сашка Веселинов Ѓоковиќ, сопруга на Ѓорѓе Ѓоковиќ, неодамна се породи и на свет го донесе малиот Александар. Многумина се прашуваа како успеала да ја одржи фигурата за време на бременоста, и дека по породувањето изгледа совршено и речиси без ниту еден килограм вишок, а сега таа ја откри својата тајна.
Сашка на нејзиниот Инстаграм профил објави фотографија од торта и текст со кое потврди дека како и нејзината јатрва Јелена Ѓоковиќ се грижи за исхраната и има посебен режим кој го следи веќе една година.
Имено, снаата на Новак Ѓоковиќ се пофалила дека една година не јаде месо и дека една година е веган, што значи дека не јадела месо ниту за време на бременоста.
– Тортата е само со плазма, не беше веганска – напишала нејзината пријателка, на Сашка.
– Кога сме веќе кај тоа, славам година без месо!
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ата Имаџес/Ана Паунковиќ