Саша Поповиќ гостуваше во утринската програма „Јутро“ каде зборуваше за продолжение на снимањата на „Ѕвездите на Гранд“, но и за други актуелни теми.
Поради ситуацијата со коронавирусот, „Ѕвездите на Гранд“ нема да завршат во јуни туку ќе продолжат на есен.
„Ќе додадеме некои нови натпреварувачи, ќе вратиме стари, па една сезона ќе трае како две. Ми беше жал да ја забрзаме оваа сезона“ вели Поповиќ.
„Како ќе изгледа тоа, замисли кога ќе ставиш параваноколу нив, се губи интимниот контакт, ќе имаат бариери?“, праша Јована.
„Мислам дека тоа нема да биде проблем. Мислам дека е доволен само еден коментар за да се направи шоу. Инаку, ние имаме група „Жири Ѕвезде Гранд“ каде што секој ден си праќаваме видеа да видиме кој, што прави“ вели директорот на Гранд.
„Дали имаш маска? Не те прашувам за да те испитувам, туку дали се чуваш?“, праша Јоксимовиќ.
„Имам, имам, ја носам. Јас 50 дена не излегов од дома, имам 66 години. И кога можев да излегувам на улица по 18 часот, јас не излегував. Мислам дека луѓето се чуваа“ изјави Саша, па и се обрати на Јована:
„Дали ти имаш маска?“.
„Носам, носам. Јас не сум од оние кои верува дека пред седум или десет дена беше страшно, па дека денес може да одиме слободно надвор, убаво ни кажаа дека сега одговорноста е на нас, нели баравме слобода во движење, еве ја добивме, јас и така се однесувам, мислам дека се уште не дошол крајот“ вели Јоксимовиќ.
Саша и Јована поразговараа и за пејачите кои не работат два месеци туку држат онлајн концерти.
„Е тука нема заработка“ прокоментира Поповиќ и продолжи:
„Колку заработи Жељко од својот концерт?“, праша Саша мислејќи на нејзиниот сопруг Жељко Јоксимовиќ кој неодамна одржа бесплатен концерт во Белград.
„Леле тој концерт, нервите си ги скинавме од прашања колку заработил од концертот. Не заработи ништо. Дури и даде“ изјави Јована низ насмевка.