Наскоро започнува новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, а на местото на Аца Лукас ќе се седи нов член, односно пејачот Џорџе Давид.
Ова не е првпат како некој член го напушта музичкото шоу. Пред неколку години и Зорица Брунцлик се откажа од улогата на жири.
„Не можеше да биде од повеќе причини. Прво ни требаше машко, второ Зорица беше одлична во сезоните во 2013, 2014, 2015 година. Додека беше во натпреварот мислам дека беше вистински погодок, но кога помина на другата страна, не беше истата Зорица. Едноставно помина над нашето жири и нема потреба да се враќа, изјави Поповиќ.
На прашањето во какви односи е со Жељко Митровиќ, директорот на Гранд одговори:
„Не сме се слушнале со години. Извинете, се слушнавме претходната година кога имаше некои несогласувања меѓу „Гранд“ и „Пинк“. Имаше некои опции нашите емисии да одат на „Пинк“. Имавме еден телефонски разговор“, изјави Саша.
Во саботата започнува 13тата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ каде ќе има многу македоснки претставници.