Пејачката Злата Петровиќ своевремено била исфрлена од Гранд продукција поради разголените фотографии на кои и се гледале градите, а Саша Поповиќ не сакал да ги крши строгите правила и угледот на Гранд.
Саша ја исфрлил Злата од продукцијата заедно со уште неколку нејзини колешки.
„Можеше да му се допадне или да не му се допадне моето однесување, но секогаш разговаравме како луѓе. Некогаш беше кобно ако се фотографите во долен веш или со голи гради. Денес тоа е карта за повисока позиција на естрадното небо и Поповиќ го знае тоа“, изјави неодамна Злата.
Петровиќ беше и во врска со директорот на Гранд, а како што покрај него се чувствувала како принцеза.
„Сале и јас две години бевме заедно. Тој тогаш беше директор на ЗАМ и работеше со „Слатки грех“. Се гледавме кога имаше прилика, често кај него во Нови Сад. Ма тој беше и остана прекрасен. Таков човек не се раѓа. Покрај него се чувствував како принцеза. Ги сакав неговите особини, а Сале припаѓаше на мојата енергија“, изјави Петровиќ.