Директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ и пејачот Мирослав Илиќ не разговараат веќе 20 години.
Конфликиот настана во 2000 година кога Мирослав од „ПГП РТС“ сакаше да се префрли во Гранд, но за тоа имаше услов кој Поповиќ не го прифати.
– Мирослав изјавуваше дека дошол една вечер од Вишњичка Бања во Бежанијска коса за да ми каже дека не може така! Беше 1999 или 2000 година. Брена и Боба беа сведоци на нашата приказна. Дојде затоа што беше лут на Мироjуб Аранѓеловиќ Кемиш и Зорица Брунцлик. Кемиш во тоа време беше директор на ПГП, а Мирослав беше вознемирен затоа што ја форсираше Зорица. Тој сакаше да дојде во Гранд за да го форсираме, но не само тоа. Тој сакаше некако да се обидеме да го „симнеме“ Кемиш и сите оние луѓе околу Зорица Брунцлик. Ајде да ги срушиме заедно! Му реков: „Мирослав, имаш широко отворена врата со нас! Ако сакате да снимите албум за Гранд продукција, добредојдени сте “. Тој сегмент е во ред. Но, јас му реков дека не доаѓа предвид да тргнеме во војна со никого поради него. Тоа беше крајот на приказната – изјави Саша за домашните медиуми пред неколку години.
Од друга страна, Мирослав ги негираше овие зборови на Поповиќ.
– Приказната што ја лансираше Саша Поповиќ нема никаква врска со вистината! Лаже како куче! Вистината е следна. Тогаш РТС имаше три канали, а третиот беше „ЗАМ“, емисијата која ја водеа Саша, Брена, покојниот Рака Ѓокиќ, а подоцна и неговиот брат Гана, секоја година го обновуваа договорот за терминот. Кога Драган Илиќ, дојде за директор за маркетинг на РТС, Брена и Саса имаа проблем со него во врска со договорот за терминот и, колку што разбрав од нивната приказна, тој ги уценуваше – изјави тогаш Мирослав.
Потсетуваме, ова е една од многуте војни на домашната јавна сцена за кои не се зборува многу, а датираат со децении наназад.