Саша Поповиќ вели дека секоја пролет оди на диета, бидејќи во текот на зимата се дебелее. Поранешниот директор на „Гранд“ ужива во гурманската кујна, но знае и коа е доста.
Секогаш се дебелеам во текот на зимата, па морам да ослабам на пролет!Време е за прослави и празници, се јаде зачинета и тешка храна. Во зимските месеци најчесто се качувам од два до пет килограми. Кога ќе решам да ослабам, се придржувам до одредена диета – вели тој.
Поповиќ објаснува што има на неговата маса додека е на диета.
Кафе пијам секое утро, понекогаш со млеко. Тоа го имам за појадок, а за ручек можам да бирам помеѓу стекови, пилешко на скара, риба. Вечерата е обично комбинација од месо и салата, јајца, а понекогаш и само овошје и јогурт. Такви оброци сакам. Тој додава дека му се потребни само две недели за да ослабне.
„Обично имам 73 килограми, но понекогаш одам и до 78. За две недели, колку што нормално јадам вака, ги губам тие пет килограми. Доволно ми е да се грижам за храната 14 дена, да го тргнам вишокот и толку. Истата програма ја користи и мојата сопруга Сузана“ – вели музичарот.
Откако ќе ги снема вишокот килограми кои се наталожија за време на празниците, Поповиќ лесно ја одржува фигурата во текот на летото.
Фото:Принтскрин/Часлав Вукојичик/Блиц Тв